Правила и услови за користење апликацијата
LG Master klub

Овие услови за користење се применуваат на регистрацијата на корисникот за користење на услугите на апликацијата „LG Master Club“ (во натамошниот текст „Платформа“) и со нив поврзаните поволности кај друштвото LG Electronics Magyar Kft., Унгарија, 1097 Будимпешта, Könyves Kálmán krt 3/A (во натамошниот текст: LG) и неговите поврзани друштва. Содржината и функциите на Платформата ги обезбедува друштвото Smart Vision д.o.o. од Белград.

Платформата е бесплатна за преземање и е наменета за продавачи и управници на малопродажни објекти кои продаваат ТV/AV уреди и домашни апарати од асортиманот на компанијата LG Electronics во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Корисник).

Договорот за користење на платформата и поволностите што се нудат преку Платформата е склучен помеѓу компанијата Smart Vision д.o.o. и корисникот. Овие услови за користење се применуваат на целиот период на користење на Платформата. Со користење на Платформата, корисникот се согласува со примената на овие услови.

Платформата е создадена со цел да се поттикне и развива продажбата преку програма за наградување која се заснова на придобивки за корисниците врз основа на успехот на продажбата на корисникот.

Исто така, платформата им овозможува на корисниците да бидат информирани за најновите промоции, новости и едукации кои ќе се организираат.

1.1. Услови за учество

Платформата може да ја користи секое полнолетно физичко лице вработено во малопродажните објекти кои продаваат ТV/AV уреди и домашни апарати од брендот LG на територијата на Република Северна Македонија, а кое ја има инсталирано Платформата на своите IOS или Android уреди (во натамошниот текст: Корисник).

Платформата е бесплатна за користење за сите корисници.

1.2. Регистрација

Пред да започне да ја користи Платформата, а со тоа и да ги оствари придобивките, корисникот мора да се регистрира. Со регистрирање како корисник и кликнување на „Ги прифаќам Условите за користење“, корисникот се согласува со овие Услови за користење. Однесувањето спротивно на наведените Услови ќе резултира со одбивање на пристап или бришење на корисничкиот профил. Корисникот кој не се согласува со Условите и правилата може во секое време да го избрише својот профил или да престане да ја користи Платформата.

При користење на Платформата, корисниците мора да го почитуваат следново:

  • При изработка на профилот, обврзани се да користат точни податоци
  • Тие можат да создадат само еден кориснички налог во рамките на малопродажниот објект каде што работат
  • Не смеат да создаваат лажни профили, односно профили на непостоечки лица
  • Потребно е внимателно да ракуваат со информациите за пристап до профилот.

Во рамките на програмата за наградување строго е забрането:

  • Лажно претставување и креирање на лажни наредби
  • Лажна регистрација на продадени производи
  • Нарачување награди без да е извршена продажба на соодветен производ
  • Креирање лажни налози или налози на непостоечки продавачи
  • Објавување на Платформата лични податоци на трети лица кои за тоа не дале претходна согласност
  • Објавување навредливи и несоодветни содржини на Платформата
  • Објавување на лажни информации
  • Продажба, дуплирање, изнајмување или на кој било друг начин комерцијална експлоатација на податоците во рамките на Платформата
  • Објавување на информации со цел да се наруши личниот углед на кое било друго лице.

Корисникот се обврзува внимателно да ја чува лозинката на својот профил и да ја заштити од неовластен пристап од трети лица. Корисникот е одговорен за сѐ што се случува преку неговиот профил освен ако не го избрише или пријави злоупотреба. Секој корисник на Платформата е должен да става вистинити информации на Профилот и да не објавува содржина што е спротивна на прописите на Република Севера Македониа, кои ги нарушуваат правата на трети лица, вклучително и правата на интелектуална сопственост. Таквите содржини ќе бидат отстранети од Платформата од страна на администраторот на Платформата.

1.3. Користење

Со прифаќање на овие Правила, корисникот се согласува податоците кои произлегуваат од активностите на Платформата да се евидентираат и да се користат за статистички пресметки кои може да бидат јавно достапни.

Со прифаќање на овие Услови, корисникот се обврзува на Платформата да ѝ ги надомести сите штети, вклучувајќи ги трошоците за правни и судски услуги, како и трошоците за судските постапки, кои можат да произлезат од: а) користење на Услугите надвор од утврдените правила; б) прекршување на која било одредба од овие Услови; в) злоупотреба на доверливи податоци и г) повреда на правата на трети лица.

Smart Vision д.o.o. го задржува правото да ги избрише профилите на корисниците кои ги прекршуваат Условите за користење или не ги почитуваат. Секој корисник има можност да пријави несоодветна употреба на Платформата од страна на другите корисници на е-поштата наведена подолу.

1.4. Одрекување од одговорност

Платформата не сноси никаква одговорност за креираните профили, односно за содржината и вистинитоста на содржините објавени на профилите.

Платформата не е одговорна доколку од која било причина не се остварат придобивките.

Платформата не е одговорна за индиректна, случајна, казнена или последователна штета (на пр. изгубена добивка, загуба на податоци, повреди, материјална штета) што може да настанат за време или во врска со користењето. Со прифаќање на овој документ, се откажувате од Вашето право да барате придобивки што произлегуваат од Вашата употреба на оваа платформа.

Платформата исто така нема да биде одговорна за настанатата штета: а) поради моменталната неможност за користење на Услугите доколку неможноста е резултат на грешка на корисникот; б) поради доцнење или пропуст во давање услуги, в) ако пропустите се предизвикани од виша сила или непредвидливи околности.

Платформата нема да биде одговорна за неовластено користење на личните податоци на корисникот, јавно објавување и/или злоупотреба на истите од трети страни, кои ги добиле истите без знаење и овластување на Платформата.

1.5. Право на интелектуална сопственост

Платформата „LG Master Club“ е интелектуална сопственост на Smart Vision д.o.o. Логото на LG Master Club и другите заштитни знаци, сервисни ознаки, графики и логоа на LG Master Club се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци во сопственост на Smart Vision д.o.o. Стандардното лого на LG и другите трговски марки поврзани со брендот LG во која било форма остануваат ексклузивна сопственост на LG Electronics.

1.6. Промени во Условите за користење

Smart Vision д.o.o. може во секое време да ги измени и прилагоди овие Правила и Услови за користење.

Доколку дојде до опишаната промена, корисниците ќе бидат навремено информирани за промените преку Платформата пред да стапат во сила промените. Користењето на „Платформата“ по добивањето на известување за промените ќе се смета за согласност на корисникот за изменетите Услови за користење и Политика за приватност.

Доколку корисникот не ги прифати промените во Условите за користење и Политиката за приватност, може да го избрише својот профил.

1.7. Судска надлежност

Под услов да не постојат задолжителни прописи кои го спречуваат тоа, во случај на спор помеѓу корисникот и Smart Vision д.o.o., надлежен е судот во Белград, Србија.

Оваа верзија е објавена на  17.07.2025 година.