Најчесто поставувани прашања

Поените се собираат со регистрирање на секоја продажба на уредите на LG исклучиво преку оваа мобилна апликација.

Можете да ја видите листата и вредноста на уредот во апликацијата, во делот „Продавница“.

Продавачот може да ја пријави продажбата најдоцна 8 дена од датумот на продажбата на фискалната сметка.

Не, секоја ваша продажба можете да ја пријавите преку апликацијата и поените ќе бидат евидентирани и видливи на вашиот профил. Поените важат 180 дена, по што се бришат

Поените кои сте ги освоиле важат 180 дена од моментот на внесување во „Пријави продажба“.

Поените што не се искористени во текот на еден месец ќе бидат префрлени во следниот месец, односно можете да собирате и користите поени во следните 180 дена

Состојбата на собраните поени можете да ја следите исклучиво преку апликацијата, во делот „Профил“.

Можете да ја видите листата на актуелни подароци во апликацијата, во делот „Награди“.

Листата на награди што можете да ги нарачате ќе важи еден квартал (три месеци).

По секоја пријавена продажба, состојбата на вашите поени ќе биде видлива на вашиот профил.

Можете да нарачате подароци кога ќе соберете доволно поени од продажбата што сте ја регистрирале.

Подарокот што сте го нарачале ќе пристигне на вашето работно место во рок од 30 дена.

Можете да не контактирате преку апликацијата во делот за разговор, преку е-пошта на  lgmasterklub@smartvision.rs или по телефон +389 76 403694

Производите се доставуваат до вашето работно место преку курирска служба, до продажниот објект што сте го избрале при регистрацијата. При подигање на подарок, потребно е да покажете важечки личен документ за идентификација.

Секако, контактирајте не преку апликацијата или испратете е-пошта на  lgmasterklub@smartvision.rs и известете не за промената на позицијата.

Контактирајте нè преку апликацијата или испратете е-пошта на  lgmasterklub@smartvision.rs и известете нè за промената во трговскиот ланец.

Контактирајте не преку апликацијата или испратете е-пошта на  lgmasterklub@smartvision.rs и известете не за промената на продавницата.

Не, производ што е нарачан не може да се врати. Доколку производот е оштетен за време на транспортот, контактирајте не преку апликацијата или испратете е-пошта на  lgmasterklub@smartvision.rs.

Не, се бројат само продажбите од денот кога е креиран вашиот профил.

Не, потребно е да се фотографира сметката преку апликацијата, а системот ќе ја провери исправноста на фискалната сметка и ќе го одобри понатамошниот процес на регистрирање на продажбата.

Не, менаџерот на продавницата не може да пријави продажба , но може да ги искористи собраните поени од продажбата на неговиот тим за да нарача еден од производите од продавницата на LG Master Club.

Во апликацијата постојат 4 нивоа: почетник, познавач, професионалец и мастер. Прелазите на повисоко ниво кога ќе соберете доволно XP поени, како и успешно решавање на задачи.

XP поените се пресметуваат процентуално од вкупниот број поени што сте ги постигнале преку успешно одобрена пријава.

Корисникот стекнува право на бенефити кога ќе премине на повисоко ниво. Секое ниво носи одредени бенефити. Бенефитите се дефинирани по нивоа. Право на бенефити може да се добие само еднаш, кога корисникот ќе премине на следното ниво.

По деактивирањето на сметката, корисникот не може да се регистрира со истиот телефонски број и е-адреса во рок од 6 месеци.